squeeze through - онтологија

провира повеќе

Види и: провре (св.)
провираат
Вид збор: Глагол, несвршен
провре
Албански: depërtoj
Примери:
Се провиравме низ шумата надолу тркалајќи камења под нозете.

провлече повеќе

провлечат
Вид збор: Глагол, свршен
(се провлече) Се пробие низ луѓе, низ тесен отвор.
Албански: depërtoj
Примери:
Се провлече низ непријателскиот обрач.

провне повеќе

Види и: провре (св.)
(се) провнат
Вид збор: Глагол, свршен
(Се) пробие низ мал, тесен отвор.
Примери:
Мачката се провна под вратата и избега.

провре повеќе

проврат
Вид збор: Глагол, свршен
Провлече низ тесен отвор.
Албански: depërtoj
Примери:
Детето ја провре главата меѓу решетките.
За конец - вдене во игла.
Албански: depërton, shtin, fut
Примери:
Не гледаше без очила, не можеше да го провре конецот.
(се провре) Се провлече низ тесен отвор; низ луѓе.
Албански: shpërvillem
Примери:
Успеа да се провре низ толпата.

спровира повеќе

спровираат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се спровира), се провлекува, се провира
Албански: depërtoj
Употреба: Разговорно
Примери:
(разг.) Ти кај што шиеш, јас се спровирам.